До кога со идиотски "совети" за наоѓање девојка?
Секој ден гледам по некоја објава за врски, и секој пат се наоѓаат неколку паметни шо гаслајтаат до даска. Коментари од типот "работи на себе, мораш прво да се изградиш себе" бла бла бла "пари, плата, бизнис, кур од еднорог".
Ко прво, дали сте свесни дека со тоа потврдувате дека жените гледаат само материјално?
Ко второ, колку пари треба да има еден млад маж за да биде достоен за девојка? Дали просечна плата е доволна? Или треба да работи на 2-3 места истовремено? Па тогаш ќе кењате дека ја запоставувал девојката, и заслужил што го изневерила со пола град.
Како објаснувате пропалици, алкохоличари, коцкари, насилници, луѓе заглавени во долгови, што имаат девојки и мувачици? Како објаснувате момчиња на факултет, без примања да имаат девојки?
Дај малу олабавете, очигледно е дека немате врска со животот, немате претстава што е реална плата во Македонија. Пишувате нешто колку да се изеде бурек и да ви се крене егото, или се надевате некоја редиторка ќе прочита и ќе ви даде.
Posted Dec 29, 2025, 7:53 PM UTC