r/mkd•
ItchyPizza

Психијатрија

Пред некоја недела пробав да се рокнам со апчиња и алкохол и од како се исчистив на токсикологија отидовме со моите на едно место во склоп на државна каде што требаше да разговарам со психијатар.

Пошо у моментот не ми ни текна дека можат да ме хоспитализираат бев многу искрен на прашањата кој ми ги постави, и после тоа некако ме излажа да дојдам до горе да го видам оделот и после демек сам да сум одлучел дали сакам да останам или не, идам до горе и ми ја заклучува вратата и тука веќе почнав да плачам пошо знаев whats up

Не ја сфаќам поентата, буквално ужасно искуство иако запознав доста кул луѓе таму. Нема никакви обврски, нема телефон, некој од болничарите не беа за таа работа и правеа многу тензија, не знаеа како да се справат со некој пациенти, understaffed, разговорите со психолози беа ретки и многу кратки.

Ај разбирам да е на кратко онака колку да те смират малце, ама бев таму скоро три недели и ќе бев повеќе ама моите инсистираа да ме земат и ме земаа.

И притоа измешани се пациенти со различни дијагнози сите на исти одел, и таму ми се десија некој работи шо малце ме истрауматизираа ама тоа е

Posted Feb 19, 2026, 3:19 PM UTC

3912
Loading comments…