r/mkd•
__bazzinga__

Стара емисија за деца

Дали на некој му текнува како се викаше една емисија за деца која беше составена од различни сцени, едни што ми текнуваат беа:

- имаше сцена со вести каде што водителката имаше ептен специфичен глас

- сцена со еден дечко што цело време имаше чадор со бои на виножитото

- музичка сцена каде што пееа деца, најчесто на сцената беа прикажани графити и такви барели (како за нафта)

- сцена со дечиња каде што ги прашуваат прашања за животот (пр. што е љубов? ; што е среќа? И сл)

- сцена со спортски тренер каде што даваше инструкции за некој спорт (пр како се сервира во одбојка)

- сцена со глувчето Мицко

Сите овие мислам дека беа дел од истата емисија

Posted Apr 9, 2026, 8:02 PM UTC

910
Loading comments…