Не сум conspiracy theorist но дали има некој објаснување за ова?

Денеска ми текна на ова. Памтам мама ми ја покажа објавата пред некоа година, но неможам да ја најдам па затоа вас ве прашувам.

Дали памтите дека некој објави слика тука на Reddit од една објава на Facebook од мајката на една од жртвите во Кочани трагедијата каде што таа постави слики од застрашувачки приватни пораки што добила од еден стар човек? Тој и се заканувал со насилство и дека ќе страда ако не прекине да пишува за трагедијата што се деси. Објасна тој во детал дека случката не е како што мајката мислела, и дека имал врски и информација што неможел да ја сподели со публиката. Јас прво си мислев дека човекот е некој шизофрен/болешник, ама памтам дека некои луѓе го истражуваа кој е ликот и испадна дека имал врски со Американскиот CIA, некоја друга странска интелигенција и имал објавено слики каде што работе за нив, и поради него мајката прекина да објавува на Facebook. Памтам го пријавиле на полиција поради смртните пораки ама полицијата не направила ништо. Нели е чудно што не го уапсиле и имал врски со CIA? Не сакам да бидам conspiracy theorist и незнам дали го мислам ова премногу, но памтам многу беше сомнително кога ја видов објавата претходната година. Добивав чувство каа некој да крие нешто. Али незнам.

Дали некој го памти ова?

Posted Apr 29, 2026, 7:58 AM UTC

02
Loading comments…