Искуства/совети за патување во Јапонија
Здраво, сакам да патувам есенва во Јапонија, па ме интересира луѓе што биле да ги споделат своите искуства, дали е подобро/поефтино во сопствена режија или преку агенција, колку е скапа Јапонија, колку дополнително буџет би ми требало за престој од 10тина дена, кои места се must see и слично.
Ги споредив цените на авио билетите и цените на агенциите кај нас и некако исто излегуваше, дури преку агенција подобро како да е, бидејќи нема да се замараш со карти, букирање, снаоѓање, па чудно ми падна, очекував поефтино сам ако си ги купиш да биде.
Posted Jul 26, 2026, 11:38 PM UTC
1517