До сите волтери и волтерки
Здраво волтери и волташи 😅
Накратко: Имам проблем со апликацијата, не ми дава да прифатам нарачка, кога стига нотификација и отварам апликација полето accept е празно и се лоадира предолго (5-10 секунди минимум).
Е сеа, дур да се лоадира некој друг веќе ја прифаќа нарачката, на мене ми ја рачуна како да сум ја одбил... Проблемот најверојатно ми е до стариот и бавен андроид телефон, свесен сум за тоа, ама ај викам да пишам тука. Може некој друг се соочил со истиот проблем и ќе понуде некое решение шо не е префрлување на ајфон!
Поздрав 🍀
П. С. Знае ли некој како функционираат hotspots на апликацијата?
Posted Jul 30, 2026, 2:14 PM UTC
54