Луѓе со двојни, тројни и повеќе државјанства и пасоши во МК

Ве има ли и други коишто покрај македонското, имате државјанства и пасоши и од далеку поголеми и помоќни држави и можете да се преселите таму во секој момент, но сепак сте одлучиле да живеете во Македонија од хх причини?

Доколку е така, тогаш што беше или сеуште е главната причини за оваа одлука, како и кога сфативте, и зошто решивте да останете или да се вратите во Македонија?

Јас освен македонското, имам и Словенечко (по потекло), како и Канадско државјанство (натурализација). Меѓутоа веќе 7 години сум во Македонија, имам своја фирма, а другите пасоши ги користам само за безвизното патувања во одредени држави и неограничениот престој во ЕУ. Инаку професијата и дејноста ми немаат никаква допирна точка со ИТ, политички партии, непотизам или било каква друга привилегија во МК.

Едноставно видов и сфатив дека декаденцијата, неконтролирана миграција на луѓе од некомпатибилни култури и општества, генералниот распад на вредности, падот на животниот стандард и куповната моќ, како и површните и ладни односи во многу од Западните држави ми сметаат многу повеќе отколку проблемите коишто се дел од македонското секојдневие. А за убавите и добрите страни на Македонија и да не зборуваме, иако од искуство знам дека е тешко за многу луѓе да ги препознаат и да ги прифатат како такви.

Posted Aug 27, 2026, 1:02 PM UTC

3645
Loading comments…